Гвардиола: Се разведов со најубавата жена на светот поради вас, а вие вака ми враќате

Според новата документарна серија на  Прекрасна опсесија , поранешниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, влегол во конфликт со својот капитен и за малку ќе заплачел додека ги критикувал играчите за време на најтешкиот период од својот мандат.

Шпанецот се повлече од функцијата менаџер на Сити на крајот од минатата сезона, откако освои 20 трофеи во текот на десетгодишниот престој на стадионот „Етихад“. Со Сити, тој освои шест титули во Премиерлигата, три ФА купа, пет Лига-купови и Лигата на шампионите во 2023 година, а притоа пет пати беше прогласуван за најдобар менаџер во Англија.

Еден од најтешките моменти за Гвардиола се случи во есента 2024 година, кога неговиот тим претрпе девет порази и забележа само една победа во серија од 13 натпревари. Шпанскиот менаџер тогаш покажа знаци на очај, особено кога се појави со гребаници на лицето по ремито 3-3 против холандскиот тим Феенорд во натпревар од Лигата на шампионите, во кој Сити водеше со 3-0 до 75. минута.

Во еден момент, Пеп Гвардиола влезе во расправија во соблекувалната со тогашниот капитен Кајл Вокер, кој сметаше дека неправедно е обвинуван за неуспесите на тимот.

„Секогаш го спомнуваш моето име на секој состанок. Секогаш е моето име… некако често го посочуваш“, се пожали Вокер по поразот од Ливерпул, на што Гвардиола одговори дека Англичанецот премногу лично ја сфаќа работата.

Уште еден момент на очај се случи во ноември 2025 година, по поразот од 2-0 на домашен терен од Баер Леверкузен во Лигата на шампионите, по што Пеп Гвардиола се закани дека ќе го напушти тимот.

„Овој недостаток на храброст, страст, љубов и желба за победа е неприфатлив. Јас работам за вас. Го оставив својот живот, се разведов од најубавата жена на свсетот, семејството ми е далеку  и сето тоа заради вас. А како ми возвраќате? Со оваа ужасна игра. Срамно е. Навистина сум уморен. Кога гледам дека сум исцрпен и испразнет, ​​сакам да си заминам“, изјавил тогаш Шпанецот.

Се вчитува...