Гвардиола се скара со навивачите на Сити: Кој не сака, не мора да доаѓа на трибини

Пеп Гвардиола си создава непријателство во редовите на Манчестер Сити. Имено, откако по дуелот со Лајпциг во Лигата на Шампионите, шпанскиот стратег изјави дека на тимот му е потреба поголема поддршка од трибините и покрај 38 илјади присутни, должни не останаа ниту навивачите.

На неговата констатација коментар имаше Кевин Паркер, генералниот секретар на клубот на навивачи изјави дека Пеп треба да се фокусира на тоа како неговата екипа изгледа на теренот, а Шпанецот на денешната прес-конференција повторно зададе удар кон најверните.

„Во ниеден момент не реков дека сум разочаран за тоа што стадионот не е полн и нема да се извинувам за тоа. Реков дека ни е потребна поддршка, а не колку луѓе доаѓаат на натпреварите. Нормално дека сакам да бидат во што поголем број. Доколку некој не сака да дојде и не мора“, изјави Гвардиола.

Се вчитува...