Гвардиола: Шампањот може да се лади

Манчестер Сити е пред освојување на нова титула во Премиер лигата по победата над Кристал Палас, а тренерот Пеп Гвардиола е свесен за тоа, па најави дека шампањот за прослава може да се стави во фрижидер и да се лади.

Каталонецот потенцираше дека неговиот тим заврши одлична работа и мисијата е успешно реализирана, па очекува наскоро да биде прославена новата титула.

– Можеме да го ставиме шампањот да се олади, но сè уште не можеме да го отвориме. Сепак, можеме да размислуваме за тоа. Премиер лигата е тука, во наши раце. Ни треба уште една победа или уште два бода,“ изјави Гвардиола.

Сити сега има 13 бода повеќе од градскиот ривал Јунајтед, кој ќе го игра натпреварот од 34. коло против Ливерпул. Доколку „Црвените ѓаволи“ загубат на големото дерби, „Граѓаните“ веќе ќе станат математички недостижни.

Се вчитува...