Гвардиола: Силва е најдобриот фудбалер во Премиер лигата

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, го пофали Бернардо Силва за својот настап сезонава, особено по фантастичниот гол со кој им ја обезбеди победата на „граѓаните“ на вчерашното гостување кај Астон Вила.

Пеп нема дилема, па без двоумење истакна дека Бернардо е најдобриот фудбалер во Англија.

„Силва е најдобар. Тој е најдобар веќе три сезони во низа. Бернардо има посебна способност да прави што сака, а сака да се забавува со топката. Синоќа постигна навистина прекрасен гол против многу добар голман“, заклучи Гвардиола.

Се вчитува...