Гвардиола: Сити и Ливерпул покажаа зошто Премиер лигата е најдобрата во Европа

Тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола го коментираше натпреварот од 7. коло од англиската Премиер лига против Ливерпул.

Големото дерби заврши нерешено 2-2. Мане и Салах погодија за „црвените“, додека кај гостите во листата на стрелци се запишаа Фоден и Де Бруине.

„Каква игра! Поради оваа причина, Манчестер Сити и Ливерпул се таму каде што се во последните години, затоа што секогаш се обидуваме да играме на највисоко ниво. За жал, не можевме да победиме – но ниту загубивме. Ова е причината зошто Премиер лигата е најдобра. Беше одлично, навистина одлично. Резултатот е резултат, и не можеме да го промениме. Знам колку е тешко да се игра против овие играчи и овој тренер. Ова е неверојатен предизвик за нас секој натпревар. Начинот на кој игравме во Париз и денес покажува дека сме одличен тим. Се молам да продолжиме на ист начин и играчите да се вратат здрави од настапите за своите репрезентации“, изјави Гвардиола по натпреварот.

Се вчитува...