Гвардиола: Следно прашање, не сум ви јас Микел Артета

Фантастичниот натпревар на „Етихад“ помеѓу Манчестер Сити и Тотенхем заврши со реми од 3-3, но на „граѓаните“ им беше спречена изгледна шанса за постигнување и четврти гол откако на две минути пред крајот на судиското продолжение судијата Сајмон Хупер спречи контра напад на домаќините.

Фудбалерите на Манчестер Сити беснееа на судијата, но тренерот Пеп Гвардиола остана смирен и по натпреварот кога беше запрашан за ја прокоментира ситуацијата, но искусно одби да го направи тоа.

„Следно прашање, не сум ви јас Микел Артета“, кратко изјави Гвардиола алудирајќи на жалбата на шпанскиот стратег по натпреварот помеѓу Арсенал и Њукасл Јунајтед.

Се вчитува...