Гвардиола со комплименти за Халанд: Доведувањето на Ерлинг е одличен потег за иднината на Сити

Tренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола после убедливата победа против Вулверхемптон во Премиер-лигата зборуваше за доаѓањето на Ерлинг Халанд во редовите на „граѓаните“. Шпанскиот стратег е убеден дека младиот Норвежанец совршено ќе се вклопи во неговата концепција.

Каталонецот дополнително истакна дека Халанд нема да поставува голгетерски цели.

„Мислам дека доведувањето на Халанд е одличен потег за иднината на клубот. Добивме одличен напаѓач кој сигурно многу години ќе го носи дресот на Сити. Ја сакам својата работа и среќен сум што ќе работам со уште еден голем ас, големите играчи прават добри менаџери … Нема да има апсолутно никаков притисок. Одбраната никогаш не зависи само од стоперите, па така ни нападот од напаѓачите. Важно е да победуваме како тим и секој да има свој сопринос. Халанд сигурно дека ќе ни донесе дополнителен квалитет“, порача шпанскиот стратег.

На два кола пред крајот од првенството Ливерпул има три бода повеќе од Сити и подобра гол разлика. Во следното коло „граѓаните“ гостуваат на Вест Хем, а во последното ја пречекуваат Астон Вила.

Се вчитува...