Гвардиола: Среќен сум за Торес, ако некој сака да оди во друг клуб треба да замине

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола кажа дека трансферот на Феран Торес во Барселона е веќе готова работа, и дека тој ќе биде нов фудбалер на „Каталонците“.

„Знам дека трансферот е во фаза на завршување.“, рече Гвардиола кој истакна дека е среќен поради овој трансфер.

„Сити се однесува поинаку од другите клубови, кога нивен играч сака да замине, иако сопственикот му вели да остане. Ако некој играч сака да замина поради тоа што чувствува дека ќе биде посреќен на друго место, треба да замине. Среќен сум за Феран“, рече екс тренерот на Барса.

Торес треба да биде нов член на Барса за 55 милиони евра. Тој дојде во Сити од Валенсија во 2020 година. За Сити одигра 28 меча, и постигна девет гола. Во меѓувреме стана и стандарден репрезентативец на Шпанија, за која одигра 22 меча и постигна 12 гола.

Се вчитува...