Гвардиола: Стерлинг треба да биде среќен, но ако не е, тогаш може да направи што сака!

Рахим Стерлинг кој призна дека е отворен за нов предизвик доколку не добие поголема минутажа во Манчестер Сити, веднаш доби одговор од тренерот, Пеп Гвардиола.

Каталонецот истакна не знаел на што размислува Стерлинг, но потенцираше дека треба да биде среќен.

„Рахим останува наш фудбалер до крајот на сезоната. Не знаев дека размислува да си оди. Играчите постојано сакаат да играат, но, тоа не можам да им го ветам. Јас не користам само 11 играчи, сите се инволвирани. Барам од Стерлинг да биде среќен, ако не е така, тогаш може да направи што сака“ – вели тренерот на „граѓаните“.

Се вчитува...