Фудбалерите на Манчестер сити им се вратија на победите во домашниот шампионат откако вечерва во последниот меч од денешната програма од 10. коло во Премиерлигата славеа над Бормут со 3-1.
Тренерот на „граѓаните“ по мечот имаше интересна изјава.
„Неверојатно е што претставува еден гол за судиите. Тука сум десет години и се познаваме многу добро. Многу сум задоволен од она што досега го постигнав во Сити, и покрај сето тоа. Му реков да ми објасни дали е фаул или не. Не се удостои да ми одговори. Десет години ми го праат истото“, изјави Гвардиола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

