Гвардиола: Тотенхем не е само Хари Кејн

Манчестер Сити го загуби првиот четвртфинален дуел од Лигата на шампионите на гости против Тотенхем со 1-0. Сепак, тимот од Лондон остана без капитенот Хари Кејн, кој мораше да ја напушти играта поради повреда на скочниот зглоб. Многу веројатно дека ќе отсуствува на реваншот, можеби и до крајот на сезоната, а тоа секако е шанса повеќе за „граѓаните“ да ја анулираат негативата и да се пласираат во полуфиналето.

Но, менаџерот Пеп Гвардиола е крајно внимателен.

„Тотенхем не е само Хари Кејн. Не сакам да се повреди ниту еден фудбалер, па дури и ако е најдобриот играч на ривалот во пресрет на реваншот кој значи елиминација од Лигата на шампионите. Тотенхем има огромен квалитет, го докажа тоа, иако и ние можевме да поведеме уште во првото полувреме, со оглед дека не реализиравме пенал. Имаме негатива, ќе ги согледаме нашите грешки и ќе работиме напорно за да бидеме многу подобри на реваншот“, изјави менаџерот на Манчестер Сити.

Се вчитува...