Гвардиола: Убеден сум, пак ќе бидеме шампиони во Премиер-лигата

Манчестер Сити ремизираше на последните две дерби средби на домашен терен, против Ливерпул и против Тотенхем, по што тимот на Пеп Гвардиола падна на третото место на табелата со три бода заостанување зад Арсенал.

Без оглед на моментниот пад на резултатски план, Пеп Гвардиола е убеден дека „граѓаните“ наскоро ќе влезат во победничка серија и на крајот ќе се радуваат на нов трофеи.

„Убеден сум, пак ќе бидеме шампиони во Премиер-лигата. Сите говорат дека не сме победиле, но ако играме во иднина на нивото како против Ливерпул и Тотенхем, сто посто ќе бидеме шампиони. Знам декане е лесно, но ние имаме и квалитет и искуство за такво нешто, а формата ни се движи во нагорна линија“, изјави Гвардиола.

Следен предизвик за „граѓаните“ ќе биде утрешното против Астон Вила, тим што досега има стопроцентен ефект на домашен терен, а Сити во своите редови ќе ги нема суспендираните Грилиш и Родри.

„Пред нас е голем предизвик, играме против тим со одличен тренер на клупата, кој ја крена целата екипа на повисоко ниво. Ние мораме да внимаваме, се полесно примаме голови, не смееме да им оставаме толку простор на противниците. Џон Стоунс е подготвен, ќе може да се најде меѓу стартерите. Што се однесува до повредата на Доку, ќе видиме дали ќе може да игра, таа одлука ќе ја донесеме по денешниот тренинг“, прокоментира трофејниот стручњак.

Се вчитува...