Гвардиола: ВАР прави проблеми секој викенд

Менаџерот на англискиот шампион Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, смета дека употребата на ВАР системот на Премиер-лигата е комплетен хаос. Шпанскиот стратег смета дека ВАР прави проблеми најмалку на по еден натпревар во секое коло. Неговиот тим профитираше токму од ВАР системот во победата против Шефилд, но Гвардиола не ги менува мислењето.

„Веќе многу пати кажав дека имам огромна листа забелешки за ВАР, секој викенд е голем хаос. И на други натпревари беше голем хаос. Се надевам дека следната сезона ќе биде подобро“ – вели Гвардиола.

Манчестер Сити славеше во натпреварот со 2-0. Бранителот на трофејот е третопласриан на премиерлигашката табела со 14 бода помалку од Ливерпул кој има и натпревар помалку.

Се вчитува...