Гвардиола во јуни заминува од Манчестер, ја презема клупата на ПСЖ!?

Манчестер сити во голема мера веќе е надвор од трката за шампионската титула во Премиерлиага, со игри далеку послаби од минатата сезона.

„Дејли експрес“ тврди дека веќе е дојдено до заситување меѓу Пеп Гвардиола и фудбалерите на Сити, поради што се навестува заминување на Шпанецот во јуни од клубот и негова преселба на клупата на ПСЖ.

Раководството на ПСЖ е подготвено да потроши огромни средства за доведување на Гвардиола, како замена за Томас Тухел. Договорот на Пеп со Сити е до 2021 година, но се поизвесено е дека не би имал ништо против и предвремено заминување.

Гвардиола со „граѓаните“ изминатите три години освои вкупно седум трофеи, но оној најважниот – Лигата на шампионите, засега не е во витрините на Сити.

Се вчитува...