Гвардиола за Агуеро: Каков играч, каков човек… вљубен сум во него

Манчестер Сити рутински славеше на гостувањето против Кристал Палас со 0-2, меч што го одбележа прекрасниот погодок на Серихо Агуеро, прв за аргентинскиот ас на гостувањата на „Селхарст парк“. Честите повреди го исфрлија Агуеро од посакуваната форма, но со одличното издание против Палас искусниот Аргентинец јасно стави до знаење дека може сериозно да се смета на неговите услуги во финишот од сезонава, последни негови настапи во дресот на „граѓаните“ со оглед на фактот дека нема да му биде понуден нов договор.

Пеп Гвардиола не го криеше воодушевувањето од извонредниот погодок на Агуеро, упатувајќи бројни комплименти на негова адреса.

„Каков гол, каков играч, каков човек, јас сум вљубен во него како фудбалер. Ќе уживаме гледајќи ги неговите мајстории во овие последни натпревари во дресот на Сити“, изјави Пеп Гвардиола.

Серхио Агуеро во изминатите десет сезони освои 14 трофеи во дресот на Манчестер Сити, со можност до крајот на сезонава да освои уште три – во Премиер-лигата, Лигата на Шампионите и во ФА Купот на Англија. Тој досега има одиграно 386 средби за „црвените ѓаволи“, притоа постигнувајќи 258 погодоци.

Се вчитува...