Гвардиола за гестот против расизмот: Се срамам што се 400 години сме им правеле на тие луѓе!

Пеп Гвардиола го коментираше гестот на фудбалерите и стручниот штаб на Манчестер сити кој на мечот против Арсенал го прифатија и противниците и судиите. Пред почетокот на синоќешниот натпревар фудбалерите и членовите на стручниот штаб на Манчестер сити клекнаа на земја со подигната рака солидаризирајќи се милиони луѓе во светот кој протестираат по убиството афро-американецот Џорџ Флојд.

Двата тима играа во дресот на кои место имиња пишуваше „Животите на црномурестите се важни“…

„Мора да испратиме милиони пораки за црните лица поради сето тоа што сме им го правеле 400 години на тие прекрасни луѓе. Се срамам, непријатно ми поради се што во историјата им се правело на тие луѓе. Како може некој да мисли дека е подобар од некој кој е роден со темна боја на кожата? Мора да направиме се расизмот да го искорениме… Во 21. век тој не е присутен само во САД, туку во целиот свет“ – вели Гвардиола.

Се вчитува...