Гвардиола за хрватското дуо во Сити: Ме фасцинираа

Манчестер Сити ова лето ги засили своите редови со два хрватски репрезентативци – Матео Ковачиќ кој пристигна од редовите на Челси и Јошко Гвардиол кој како најскап стопер во историјата се пресели на „Етихад“ од Лајпциг.

Говорејќи за медиумите пред натпреварот против Вулверхептон тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола беше запрашан за задоволството од хрватското дуо. Неговиот одговор беше краток, но јасен.

„Фасциниран сум. И повеќе од тоа. Играат на неверојатно високо ниво“, изјави шпанскиот стратег.

Се вчитува...