Хаџиевски со Емирејтс официјално се пласира во елитата на ОАЕ

Македонскиот стратег Ѓоко Хаџиевски со тимот на Емирејтс и официјално успеа да избори пласман во елитата во Обединетите Арапски Емирати. Донесена е одлука првите две првопласирани екипи од прекинатиот шампионат поради пандемијата на коронавирусот да се пласираат во елитната дивизија.

Емирејтс беше убедливо на првата позиција со 39 освоени бода по 16 натпревари, дури седум повеќе од второпласираниот Диба ал Хисн, кој исто така се пласира во прволигашка конкуренција. Третопласираниот тим на Ел Батаех заостана десет бода зад составот што го предводи Ѓоко Хаџиевски.

Емирејтс оствари 12 победи, имаше само три нерешени исходи и еден пораз во сезоната. Заедно со Ѓоко Хаџиевски, во стручниот штаб на клубот работеа и Никола Коки Аврамовски и Филип Деспотовски.

Се вчитува...