Хадсон Одои го победи коронавирусот за една седмица

Напаѓачот на Челси, Калум Хадсон Одои, тврди дека се излекувал од коронавирусот за една седмица. Тој е подготвен да се врати на тренинзите на тимот. Објаснува и дека речиси се е во следење на лекарските упатства.

„Како што знаете, имав вирус во изминатите неколку дена, но се опоравив. Ги следев здртавствените совети и потполно се изолирав од сите една седмица. Го победив вирусот и се надевам дека набрзо ќе се видиме на теренот“, изјави Хадсон Одои во видео-порака.

Сепак, нема така брзо да го видиме на терените, затоа што Премиер – лигата е суспендирана до 2.април. Има и други заболени фудбалери во англискиот шампионат, а најголеми симптоми покажуваат Бенјамин Менди, фудбалерот на Манчестер Сити, како и менаџерот на Арсенал, Микел Артета.

Се вчитува...