Хадсон-Одои има Ковид-19, но тренира како „луд“ (ВИДЕО)

Англискиот премиер-лигаш Челси пред некој ден објави дека Калум Хадсон-Одои е позитивен на Ковид-19. Раководството на премиер-лигата го прекина натпреварувањето откако се дозна дека тој и менаџерот на Арсенал, Микел Артета се заразени. Фудбалерот на Челси веднаш замина во самоизолација, а остатокот од тимот веднаш беше тестиран и за среќа ниту еден не беше позитивен на коронавирус.

Тој ќе мора во изолација уште десет дена, но сепак најде начин да остане во топ форма. Иако има Ковид-19, Одои е во полна пареа и секој ден тренира како да е сезоната во Англија во тек.

 

Се вчитува...