Младиот фудбалер на Челси, Калум Хадсон Одои е новата жртва на коронавирусот, пренесуваат британските медиуми. 19-годишникот е вториот член на Премиер-лигата за кого е потврдено дека е заразен од Ковид-19 откако синоќа беше потврдена и информацијата за менаџерот на Арсенал, Мигел Артета.
Челси соопшти дека фудбалерите и персоналот на клубот кои имале близок контакт со Одои се во самоизолација во склад со владините мерки.
„Калум во понеделникот имаше симптоми на грип и од тогаш не беше дел од тренинзите. Сепак, во четвртокот вечерта за жал стигнаа позитивни резултати на коронавирус“, стои во соопштението од Челси.
За жал во следниот период се очекува бројката на заразени спортисти да се зголемува. Менаџерот на Лестер, Брендан Роџерс изјави дека тројца негови играчи имаат симптоми на ковид-19, но се уште не е потврдено дека се заразени. А изолиран е и фудбалерот на Манчестер Сити Бенџамин Менди кој исто така има симптоми на коронавирус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА