Хадсон-Одои: Опоравувањето оди добро, чувајте се

Фудбалерот на Челси Калум Хадсон Одои се обрати на јавноста откако клубот објави дека е заразен со коронавирус. Утрово од клубот од „Стемфорд Бриџ“ стигна потврдна информација и дека фудбалерот веднаш е изолиран.

„Здраво луѓе. Како што сте известени во последните неколку дена не се чувствував добро. Тестиран сум и заразен сум со вирусот. Изолиран сум од сите на недела дена и опоравувањето оди одлично. Се надевам дека наскоро ќе се видиме на терените. Чувајте се“, порача Одои.

 

Се вчитува...