Хадсон-Одои ослобoден со кауција, девојката го обвинила за силување

Ѕвездата на Челси и на англиската фудбалска репрезентација, Калум Хадсон-Одои, денеска излезе од затвор откако плати кауција. Тој беше приведен од неговиот дом рано наутро во неделата бидејќи девојка која му била гостинка повикала полиција со тврдење дека е силувана. Метрополитен полицијата го потврди инцидентот. Портпаролот изјави дека сопственикот на домот е уапсен, а девојката e одведена во болница.

Во текот на вчерашниот ден полицијата била во домот на Хадсон-Одои за да ја продолжи истрагата. Сведoци на инцидентот за британските медиуми раскажуваат дека „девојката изгледала гламурозно“, а дека при апсењето околу објектот вриело од полиција. Засега од Челси нема никаква реакција.

Наводно фудбалерот ја запознал девојката која била моделка за долна облека на интернет и ја поканил во неговиот дом. Накратко по нејзиното пристигнување била повикана полиција и брза помош.

Се вчитува...