Хајдук секогаш има посебна харизма (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Поминаа години, можеби веќе и не е така силен и моќен како некогаш, но Хајдук Сплит секогаш има некоја посебна харизма и ги привлекува како магнет фановите на овие простори. Сплитските “били“ со Јани Атанасов во составот, допатуваа во Скопје со една цел, да ја елиминираат Ренова и да го продолжат патот кон групната фаза во Лигата на Европа. Но, нема да биде лесно да се скрши „гипсот“. Посебно на +30 и кусур…

Фудбалерите и стручниот штаб на Хајдук Сплит, предводен од Хари Вукас, ја почувствуваа жештината на Скопје. Ќе биде и утре слично, со оглед дека мечот е закажан за 15.30 часот на теренот на тренинг-центарот „Петар Милошевски“.

 

Се вчитува...