Хајнс ја напушта ЦСКА Москва за Милано

ЦСКА Москва ќе остане без еден од клучните кошаркари во тимот откако Кајл Хајнс реши да си замине од рускиот гигант и кариерата да ја продолжи во редовите на Армани Милано.

Италијанскиот клуб минатата сезона почна со сериозен проект доведувајќи неколку врвни нови кошаркари, а тимот дополнително ќе се засили летово. Хајнс имаше клаузула за раскин на договорот што реши да ја искористи, а Милано ќе плати отштета на ЦСКА за трансферот на американскиот крилен центар.

Кајл Хајнс со ова ќе стави крај на седумгодишната авантура во рускиот гигант, со кој освои две европски круни во 2016 и во 2019 година. Претходно, Американецот настапуваше заедно со Перо Антиќ во Олимпијакос, исто така стигнувајќи до две титули во Евролигата (2012 и 2013).

Се вчитува...