Хаким Зијеч не сака да потпише за клуб што не е дел од ЛШ

Шпанскиот прволигаш Севилја испрати понуда за да го купи крилниот играч на Ајакс, Хаким Зијеч. Но, мароканскиот интернационалец сака и следната сезона да настапува во Лигата на шампионите, а Севилја не успеа да избори настап во елитното европско клупско натпреварување.

„Се радувам на понудата од Севилја и не сакам никого да навредам, но не би го напуштил Ајакс за клуб кој не игра во Лигата на шампионите“, изјави Зијеч.

Севилја се соочува со можна разделба со Висам Бен Једер, за кого заинтересиран Манчестер Јунајтед, а досега ги доведе Лук Де Јонг од ПСВ Ајндховен и Мунас Дабур од Салцбург во навалната линија.

Се вчитува...