Ашраф Хакими не го криеше своето задоволство откако мароканската репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство, истакнувајќи дека менталната сила е клучот за успехот против Холандија.
Мароканците ја елиминираа Холандија во осминафиналето по изведувањето на пенали. По 90 минути и продолженија, резултатот беше 1-1, а потоа мароканската селекција беше поуспешна по пенал-рулетот.
Капитенот на африканската репрезентација призна дека играта била исклучително исцрпувачка, но нагласи дека е горд на начинот на кој неговиот тим одговорил на предизвикот.
„Успеавме. Не беше лесно. Во моментов сум многу уморен, но сум исклучително горд на тимот. Знаевме каков натпревар нè чека и против кого играме. Пред неколку дена рековме дека мора да останеме фокусирани и да бидеме силни, физички, но и ментално, бидејќи не знаевме колку долго ќе трае играта. Покажавме голема ментална сила и успеавме да се вратиме“, рече Хакими.
Мароко ќе го има својот следен тест на 4 јули во Хјустон, каде што ќе се сретне со Канада во осминафиналето на Светското првенство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
