Халанд добива казна од ФА?

Англиската фудбалска асоцијација може да покрене истрага против ѕвездата на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд, пренесуваат медиумите во Англија. Причината е реакцијата на голгетерот кон судијата Симон Хупер за време и после дербито против Тотенхем (3:3).

Норвежанецот беше лут на одлуката на судијата во последните секунди од мечот, кога не пушти предност при фаул врз Холанд, а неколку секунди потоа Грилиш се најде во одлична позиција.

Хупер првично не санкционираше, а потоа се премисли и го досуди фаулот, што беше причина за реакцијата на играчите на Сити. Халанд по натпреварот ја објасни ситуацијата на социјалните мрежи.

Се вчитува...