Халанд е гол-машина: Борусија води со 0-2 по девет минути игра во Минхен (видео)

Ерлинг Халанд уште еднаш ја потврдува светската клас, постигнувајќи важни погодоци на најзначајните натпревари на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ вечерва му гостуваат на Баерн Минхен, а по само девет минути игра поведоа со 0-2  благодарение на двата погодоци на Халанд. Норвежанецот блесна по само шеесетина секунди игра отворајќи го резултатот со удар од дваесетина метри.

Баерн беше во шок, а Борусија го искористи тоа и поведе и со 0-2, овојпат по еден беспрекорно реaлизиран контранапад што во гол го претвори норвешкиот ас.

Се вчитува...