Халанд е „машина“ и за пари, Сити продава дрес на секој 12 секунди

Манчестер Сити во последното коло од Премиерлигата играше со новиот дрес со кој ќе настапува идната сезона. После натпреварот, дресот стана вистински хит, е новиот дрес се продава на секои 12 секунди, а главниот виновник за тоа е Ерлинг Халанд.

Норвежанецот заедно со Грилиш беше лице за рекламата на новиот дрес, а аналитичарите утврдија дека никогаш во историјата на еден клуб немало такви нарачки за дресот, најмногу поради Норвежанецот, кој со овој потег покажа дека не е само „машина“ за голови, туку и за пари.

„Дејли Мејл“ пишува дека Халанд може да стане поголем маркетиншки феномен и од Кристијано Роналдо, кој заработува милиони годишно само од реклами и маркетинг.

Сепак, изданието пишува дека Халанд е повеќе пристапен и од Меси и од Роналдо, и тоа им се допаѓа на фановите.

„Ерлинг вреди милијарда евра. Не погодувам кога го кажувам тоа, туку сум сигурно. Тоа е реална цена ако се земат во предив неговите играчки квалитети, напредокот и маркетиншката вредност“, изјави Рафаела Пимента, неговата агентка.

Се вчитува...