Халанд го претекна Мбапе, кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид!

Ерлинг Халанд веќе го известил семејстовто и пријателите за својата иднина, Норвежанецот одлучил да го облече дресот на Реал Мадрид. Според сите најави, напаѓачот на Дортмунд конечната одлука за продолжување на кариерата ќе ја официјализира пред крајот на сезоната, најверојатно веќе во април, а во пол-позиција за неговиот потпис е Реал.

„Ел Сирингито“ ја пренесува информацијата за одлуката на Халанд. „Кралевите“ веруваат дека покрај Норвежанецот, ќе успеат да го договорат и Мбапе да дојде во Реал ова лето. Французинот се уште се размислува дали да проговори јасно и гласно, па на тој начин да потврди дека од лето ќе се пресели во Мадрид. Доколку биде реализиран овој план на Флорентино Перез, Реал со сигурност би го имал најсилниот тандем во следната сезона. Тимот од Мадрид нема да има проблем да плати се што е потребно за Халанд, а тоа се 75 милиони обештетување на Дортмунд и уште 40 бонуси на Мино Раиола и Алфи Оланд.

Флорентино Перез „фантазира“ за галактичкиот квартет Бензема, Винисиус, Халанд, Мбапе. Французинот би бил „ментор“ на Халанд само една сезона, би ја делеле минутажата, а од 2023 година Норвежанецот би станал број еден. Барса се обидува да го разубеди Халанд, Жоан Лапорта е во одлични односи со Риола и ќе му ги понуди истите услови како Реал.

Реал во изминатите две години доминираше во однос на најголемиот ривал, но се чини дека Барса конечно е на вистинскиот пат со Чави Ернандез.

Се вчитува...