Ако некој ви кажеше дека веста оти некој ја скратил косата ќе предизвика толку многу коментари, немаше да му поверувате. Или можеби се ќе ви станеше појасно ако кажевме дека тој некој е никој друг туку Ерлинг Халанд.
Пред само еден месец, на социјалните мрежи кружеше видео од средбата меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ерлинг Халанд, во кое Златан објаснуваше како ја скратил косата за сета моќ да може да премине кај Норвежанецот.
А сега, пред првиот натпревар на Манчестер Сити во ерата по Пеп Гвардиола, Халанд ги шокираше навивачите со видео и фотографии направени за време и по посетата на фризер. Не само што ја скрати косата, туку Халанд се избричи на „единица“.
New season, new trim 💇🏼♂️😎 Full episode on YT! 🎬 pic.twitter.com/HPNqmFg5Cp
— Erling Haaland (@Erling) August 23, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
