Халанд ја напушта Борусија Дортмунд и се сели во Премиер-лигата

Еден од најдобрите млади фубалери во светот Ерлинг Халанд ја игра последната сезона во дресот на Борусија Дортмунд, пренесуваат англиските медиуми. Одличниот Норвежанец е примарна цел за летниот траснфер период на премиерлигашот Челси, кој ќе направи се за да го доведе на „Стемфорд Бриџ“.

Сините од Лондон беа најактивни во последниот трансфер рок, но по се изгледа не планираат да застанат ниту следното лето. Халанд на „Сигнал Идуна парк“ стигна во јануари годинава од редовите на австрискиот Ред Бул Салцбург. Халанд има клаузула за заминување во висина од 100 милиони евра, сума што Роман Абрамович може да си ја дозволи за да го доведе норвешкиот суперталент во својот клуб.

За „милионерите“ запиша 18 настапи на кои седумнаесет пати се запишуваше во листата на стрелците.

Се вчитува...