Халанд ја „спукал“ со Гвардиола – заминува од Сити!?

Норвежанецот Ерлинг Халанд наскоро ќе си замине од Манчестер сити, пишува шпански „Национал“, повикувајќи се на информации од соблекувалната на „граѓаните“.

А, како главна причини за тоа е лошиот однос на офанзивецот со менаџерот Пеп Гвардиола, кој, според него, создал лоша атмосфера во соблекувалната.

Халанд во Сити пристигна за 75 милиони евра од Борусија Дортмунд досега постигнувајќи 31 гол на 27 натпревари во сите натпреварувања. „Национал“ тврди дека Халанд има лош однос со Гвардиола, кој од неколку фудбалери е обвинет дека креирал лоша атмосфера во соблекувалната, а еден од петмината незадоволни веќе си замина, Жоао Кансело во Баерн Минхен.

Покрај него, најави за заминување поради лош однос со Гвардиола, има и од Бернардо Силва, Кајли Вокер, Емерик Лапорт, како и Илкај Гундоган, кој се поизвесно се сели во Барселона.

Се вчитува...