„Халанд ќе биде на исто ниво како Роналдо и Меси“

Легендарниот англиски фудбалер Пол Сколс смета дека неговиот поранешен клуб Манчестер Јунајтед, „брка“ погрешен фудбалер на Борусија Дортмунд. Долго мета на „црвените ѓаволи“ е Џејдон Санчо, но Сколс е уверен дека тие мора да го доведат Ерлинг Халанд.

„Халанд е сензационален. Тој ќе биде на ниво на Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Поради тоа никогаш не сум мислел дека Санчо е вистински тип на фудбалер бидејќи веќе имаме три фудбалери кои се слични на него“, изјави Сколс. 

Халанд на четиринаесет натпревари за Борусија Дортмунд постигна неверојатни 17 гола откако стигна во тимот во јануари годинава.

Се вчитува...