Халанд: Меси и Роналдо се најдобрите во историјата на фудбалот

Ерлинг Халанд игра уште една одлична сезона. Асот на Борусија Дортмунд постигна 33 гола на 31-от натпревар. Норвешкиот репрезентативец досега постигна 20 гола на 14 натпревари, кои ги играше во Лигата на шампионите. Тој е најмладиот играч кој ја достигнал оваа бројка.

Халанд ќе наполни 21 година на 21 јули. Пред да дојде во Дортмунд, многу великани беа заинтересирани за неговите услуги, особено Јувентус. Медиумите во Норвешка го споредуваат со Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Сепак, младиот фудбалер е скромен и верува дека е далеку од нив двајца.

„Мојата цел е да напредувам од натпревар во натпревар. Само за тоа размислувам. Нема потреба да зборуваме за Меси и Роналдо. Двајцата се веројатно најдобрите во историјата. Сè уште треба да направам многу за да дојдам до нивното ниво“, рече Ерлинг.

Борусија Дортмунд игра во четвртфиналето од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, додека во моментов се наоѓа на петтото место во Бундеслигата со 43 бода, четири помалку од Ајнтрахт на четвртата позиција, што води во Лигата на шампионите.

Се вчитува...