Напаѓачот на Манчестер сити, Ерлинг Халанд за првпат се огласи во јавноста и зборуваше за својот тим откако беа прогласени за виновни по 114 точки од обвиненијата за прекршување на финансиските правила на Премиер лигата.
„Граѓаните“ се соочуваат со сериозни казни доколку биде потврдена одлуката, од одземање на бодови, големи парични казни до исфрлање од Премиер лигата во понизок ранг.
„Мораме да се држиме заедно, да се подржуваме и да останеме позитивни. Англија е многу важна во мојот живот, мајка ми и татко ми во Нотингам и Лидс живееја десет години. Никогаш не живееја во Манчестер, но татко ми секој ден тренираше таму. Првите четири години од животот ги поминав тука, брат ми девет, а сестра ми шест, затоа за нас ова е посебна земја. Што и да се случи во животот, мора да ја имаме насмевката. Мораме да останеме позитивни, да гледаме напред и да се обидеме да победуваме, да уживаме во моментите и да се излеземе како победници. Ајде да останеме обединети, да уживаме и да продолжиме да се смееме“, изјави Халанд.
Одличниот напаѓач не ги заборави ниту навивачите.
„Навистина ми е важен Манчестер сити. Важни ми се и навивачите бидејќи и јас сум навивач. Сочувствувам со нив“.
Манчестер сити претстојниот викенд го очекува голема дерби пресметка со Ливерпул на „Енфилд“ и тоа ќе биде прв натпревар за „граѓаните“ по објавувањето на пресудата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
