Халанд: Може одбранбените играчи ми се плашат

Ерлинг Халанд продолжи со одличната форма и по трансферот во Манчестер Сити. Норвешкиот голгетер оваа полусезона постигна 23 гола на 18 натпревари со што потврди дека е врвна класа.

Младиот фудбалер кој нема да настапи на Светското првенство во Катар во краткиот, но заслужен одмор говореше за емисијата „Box to Box“ каде доби интересно прашање дали противничките одбранбени играчи му се плашат.

„Не знам, тоа треба да ги прашате нив. Мислам дека ќе ви кажат дека не ми се плашат, но можеби и ми се плашат“, одговори Халанд.

Се вчитува...