Халанд не е од оваа планета, Баерн Минхен ќе почека за прослава на 31. титула во Бундеслигата (ВИДЕО)

Норвежанецот Ерлинг Халанд продолжува со одличните партии откако беше стрелец на два гола во победата на Борусија Дортмунд на гостувањето кај Волфсбург од 0-2. Халанд со головите во 12. и 68. минута донесе злато вредна победа во директниот ривал за едно од местата кои водат во Лигата на шампионите следната сезона.

Баерн Минхен не успеа да ја осигура деветтата титула во низа, односно вкупно 31. во Бундеслигата откако денеска загуби на гостувањето кај Мајнц со 2-1. Бурхард во 3. и Квајсон во 37. беа стрелци на головите за Мајнц, додека почесниот погодок за гостите го постигна Левандовски во 95. минута. И покрај поразот Баерн Минхен е на чекор до нов трофеј, а доколку Лајпциг утре не победи против Штутгарт таа ќе биде заверена.

 

РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 31. КОЛО: 

Фрајбург – Хофенхајм                                1-1

Мајнц – Баерн М.                                         2-1

Унион Берлин – Вердер                             3-1

Волфзбург – Борусија Д.                            0-2

 

 

Се вчитува...