Ерлинг Халанд продолжи со одличните настапи во Премиер-лигата постигнувајќи два гола во победата над Борнмут од 3-1, со што норвешкиот ас е убедливо на врвот на листата на стрелци во Премиер-лигата.
За многумина беше изненадување што Гвардиола се реши да го повлече Халанд од игра на осум минути до крајот додека Норвежанецот се обидуваше да стигне до нов хет-трик, но голгетерот со насмевка ја прокоментира таа ситуација.
„Ќе треба да прашате Пеп зошто реши да ме повлече од игра. Од моја страна, можам да кажам дека не сум лут, но прашајте ги менаџерите во „Фантази Премиер лига“ как ти е се чувствувале кога виделе дека морам да излезам. Секако, јас сум среќен бидејќи победивме, а тоа е најважно. Пред нас се уште две важни средби до репрезентативната пауза на кои треба да го сториме истото, без разлика дали јас ќе дадам гол или не“, изјави Халанд.
Ерлинг сезонава настапи на 13 средби за Сити во сите натпреварувања, при што постигна дури 17 погодоци.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

