Халанд: Не сум загрижен околу прилагодувањето во Англија

Фудбалерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд вели дека воопшто не е загрижен дали ќе се вклопи во екипата на Сити и во Премиерлигата, каде дојде ова лето од редовите на Борусија Дортмунд.

Норвежанецот го имаше официјалното деби за Сити минатата недела против Ливерпул во „Комјунити Шилд“, но не се прослави откако утна голема шанса во финишот од мечот.

„Ќе видиме околу прилагодувањето. На луѓето им е потребно време, но не сум загрижен. Таков е животот на фудбалерите, мора да се живее со тоа. Вие сте на некој начин забавувач. Гледаат секоја недела што правите не терен и морате да давате се од себе да се покажете во најдобро светло“, рече Халанд.

Халанд за Борусија Дортмунд одигра 89 натпревари и постигна 86 голови, а вели дека може уште.

„Можам да се поправам. Ако мислите дека сум добар во една работа, секогаш може и подобро. Тоа морам да го направам. Како млад играч кога играш за Гвардиола, за најдобриот клуб во Англија, мора да се развиваш и да се подобруваш“, вели Норвежанецот.

Се вчитува...