„Халанд нема да ја подигне играта на Сити“

Како бомба одигна потписот на Ерлинг Халанд со Манчестер сити, каде ќе се пресели летово од редовите на германската Борусија Дортмунд.

Иако голем дел од фудбалската јавност е воодушевена од овој потег на „граѓаните“, легендата на Ливерпул Џејми Карагер смета дека тој нема да ја подигне играта на клубот од „Етихад“.

„Секако дека тој ги прави посилни, но јас на тоа гледам од друг агол. Халанд нема да ја подигне играта на Сити бидејќи тие веќе освојуваат 96 од 100 бода“, изјави Карагер. 

Се вчитува...