Халанд: Нема што да кријам, Сити ме доведе за да ја освои ЛШ

Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд изјави дека е решен да даде се од себе за тимот да ја освои тројната круна. Сити е во финалето на ЛШ, веќе ја освои титулата во Премиерлигата, но има можност да го освои и трофејот во ФА Купот во финалето против Манчестер Јунајтед.

Халанд признава дека во тимот е доведен да му носи успеси, а меѓу нив и титулата во Лигата на шампионите.

„Бев купен да му помогнам на тимот да дојде до Лигата на шампионите, и тоа не треба да се крие“, рече Халанд и додаде:

„Не е лесно, не чекаат две финалиња против одлични екипи кои ќе се обидат да не победат и да ни го уништат сонот. Тие ќе бидат мотивирани, а наше е да одиграме најдобро што можеме“, изјави Халанд.

Се вчитува...