Халанд објасни зошто не се радуваше на головите против Лидс

Ерлинг Халанд продолжува со одличните партии сезонава во Премиер-лигата. Феноменалниот Норвежанец беше стрелец на два гола за својот Манчестер сити во победата на гостувањето кај Лидс јунајтед од 1-3.

Халанд кој веќе стигна до бројката од 20 гола во Премиер-лигата, објасни по мечот зошто не се радуваше на погодоците постигнати против Лидс.

„Немав желба да славам. Имам голема почит кон Лидс, таму сум роден. Секако дека бев со Џек и си кажавме дека добро ја завршивме работата“, изјави Халанд

Се вчитува...