Халанд: Ова не е нормално, ќе го паметам до крајот на животот

Манчестер Сити на коло пред крај на сезоната ја одбрани титула во Премиерлигата. Еден од најзаслужните за тоа беше Ерлинг Халанд кој ги предводи „граѓаните“ со 36 голови со кои воедно постави и нов рекоред на најсилното англиско фудбалско натпреварување.

Голгетерот не ги криеше имресиите од неверојатната сезона велејќи дека ќе ужива секој ден додека трае успехот, а допрва доаѓаат и финалните натпревари во Лигата на Шампионите и ФА Купот.

„Се што доживеав оваа сезона е неверојатно. Не знам што да кажам. Многу сум среќен. Ова е спомен кој ќе го помнам до крајот на животот. Ова е нешто посебно. Ќе уживам во ова секој ден. Дебитантска сезона, 36 голови, трофеј во Премиерлигата и уште две финалиња кои следат. Не е лошо“, вели Норвежанецот.

Се вчитува...