Норвешкиот напаѓач, Ерлинг Халанд во документарниот филм „Халанд – големата одлука“, откри интересни детали поврзани со неговиот трансфер во англискиот шампион, Манчестер сити.
Тој вели дека англискиот тим скоро година и половина преговарал за негово доаѓање на „Итихад“, дополнувајќи дека доколку не бил Сити тој ќе преминел во Баерн Минхен.
„Мислам дека Манчестер Сити беше најдобриот тим на нашата листа. Баерн е број два, ако не заминев во Сити, тогаш ќе бев пред потпис со тимот од Минхен. На третото место е Реал, а по него е Пари Сен Жермен. Секако, покрај Сити, на списокот има уште неколку англиски тимови кои се доста добри – Ливерпул и Челси. Тука е и Барселона, сите се приближно во ист ред“, вели Халанд.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА