Халанд пред големото финале: Сакам да ја освојам Лигата на шампионите откако знам за себе!

Ерлинг Халанд не е во најдобра форма во пресрет на финалето од Лигата на шампионите кое вечерва од 21 часот во Истанбул против Интер го игра Манчестер сити.

Норвежанецот постигна само еден гол во последните седум натпревари, што е за него најлош голгетерски период откако пристигна од Борусија Дортмунд. Но, финалето го чека со посебен мотив.

„Можете да гледате од агол дека сум постигнал еден гол во последните седум меча, или дека сум постигнал 52 гола во 52 натпревари, и уште и осум асистенции. Не сум под стрес, се чувствувам добро, клучно е да се трудите секој ден и уживате во тоа што го работите“ – вели Халанд пред големото финале и дополнува:

„Не се оптоварувам со индивидуалните награди и дали ќе ја освојам Златната топка, сакам само мојот тим да победува. Освојувањето на Лигата на шампионите го сонувам откако знам за себе. Го обожавам ова натпреварување. Кога имав седум години во финалето ги гледав Челси и Манчестер јунајтед. Кога гледав како играчите на Јунајтед слават си реков и посакав и јас еден ден да бидам во таа улога“.

Се вчитува...