Халанд пред потпис со Манчестер Јунајтед

Манчестер Јунајтед се исфрли во преден план во трката по Ерлинг Браут Халанд откако „црвените ѓаволи“ се согласија да ја платат сумата од 90 милиони евра што Салцбург ја бара за својот најдобар фудбалер.

Халанд во изминатите седум дена беше на преговори со бројни клубови, меѓу нив и Борусија Дортмунд и Манчестер Јунајтед, а разговорот со Оле Гунар Солскјер го убедил младиот Норвежанец да му се приклучи на својот сонародник на „Олд Трафорд“. Пресудни во преговорите сепак ќе бидат парите, а Борусија нема намера да ја израмни понудата на „црвените ѓаволи“.

Таблоидот „Сан“ најавува дека трансферот ќе биде официјализиран до крајот на годинава, но Јунајтед потоа според договорот на двата клуба ќе го остави Халанд да остане во Салцбург до крајот на сезоната, по што Норвежанецот во јули 2020 година ќе пристигне и официјално во Манчестер.

Ерлинг Браут Халанд игра во извонредна форма сезонава, постигнувајќи 28 гола и седум асистенции на досегашните 22 средби за Салцбург.

Се вчитува...