Халанд: Прв пат давам гол со мад**a

Челси и Манчестер Сити одиграа фантастичен натпревар во 12. коло од Премиерлигата. Двата великани се сретнаа на „Стемфорд Бриџ“ каде во голеада со осум постигнати голови ремизираа со 4-4.

На листата на стрелци се запиша и Ерлинг Халанд кој два пати ја тресеше мрежата. Норвежанецот прво го отвори натпреварот со гол од белата точка во 25. минута, а потоа донесе и нова предност за својот тим во 47. минута наоѓајќи се на вистинското место во вистинското време за несекојдневен погодок.

Истиот го прокоментира и по натпреварот изјавувајќи дека сега има ново достигнување во кариерата.

„Досега никогаш не сум постигнал гол со мад***та. Ова е достигнување во мојата кариера“, изјави низ смеа Халанд.

Се вчитува...