Халанд сакал на „Олд Трафорд“, договорот се растурил поради Мино Раиола

Младата ѕвезда на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, сакал да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, им го потврдил тоа на менаџерот Оле Гунар Солскјер и на директорот Ед Вудворд. Проблем во трансферот направило тоа што на Норвежанецот, менаџер му е Мино Раиола кој исто така го застапува и Пол Погба и поради него е во војна со клубот од „Олд Трафорд“.

Солскјер беше директно инволвиран во преговорите поради тоа што има добри релации со Халанд поради тоа што соработуваа во Молде, но сепак ѕвездата на зимскиот пероден рок заврши во Борусија Дортмунд за 20 милиони евра.

Манчестер Јунајтед и Мино Раиола се во подолга препирка поради незадоволството на Пол Погба во клубот. Тој и менаџерот на Јунајтед веќе и јавно се пресметуваат околу иднината на францускиот интернационалец.

Се вчитува...